За време на разговорите што ќе се реализираат во следните неколку дена францускиот претседател Емануел Макрон ќе му предложи на својот руски колега, Владимир Путин, „патоказ за смирување на украинската криза“, соопштија од Елисејската палата.

Загрижени сме и многу внимаваме да не создадеме двосмисленост и дополнителна нестабилност – соопшти француското претседателство поради тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина.

Елисејската палата додава дека претставници на министерствата на Франција, Германија, Русија и Украина во среда во Париз ќе одржат состанок за Украина.

Белата куќа, претходно, соопшти дека американскиот претседател, Џо Бајден ќе имаитна видео средба со неколку лидери на Европската унија (ЕУ) за ситуацијата во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.