Првата група деца кои ќе се лекуваат во Обединетите Арапски Емирати синоќа пристигнала на преминот Рафа со палестински амбулантни возила.

Генералниот секретар на египетската Црвена полумесечина во северен Синај, Раед Абдел-Насер, соопшти дека болните деца биле на пат кон меѓународниот аеродром Ел Ариш, од каде ќе отпатуваат за Обединетите Арапски Емирати.

Според директивата на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, 1.000 болни деца од Газа ќе бидат лекувани во болниците во таа земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.