Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити.

Децата од Липница, Романија во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано.

Како што пишуваат медиумите, мајката се капела себеси и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви. Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки. Наводно советот и го дала бабата на момчето.

Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози, пренесуваат медиумите во регионот.

Децата се донесени во Ургентен центар во исклучително тешка состојба. Децата беа во состојба на делириум, халуцинираа и се тресеа. Едното е веднаш префрлено на интензивна нега бидејќи веќе е во кома. Состојбата на другите деца донекаде се подобри“, рече Крина Кибеди, портпаролка на болницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.