По пеколните горештини, невремето ја зафати Италија и предизвика огромни материјални штети на северот од земјата.

Невремето кое однесе шест животи во Хрватска, БиХ и Словенија, во текот на ноќта се „пресели“ во Италија, каде падна град со големина на тениско топче.

Според првите информации, повредени се повеќе од 100 лица.

Невремето предизвика огромни материјални штети на северот од земјата.

Ломбардија и Венето беа погодени од град со пречник до 12 сантиметри, кој безмилосно кршеше стакло на згради и возила.

Ветерот кој дувал со брзина од над 100 километри на час кршел гранки и носел предмети од терасите, а причинета е и голема материјална штета на посевите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.