Силна експлозија одекнала во фабриката Кремниј Ел во Брјанск во западна Русија, објавија локалните медиуми.

Гувернерот на Брјанск, Александер Богомаз потврди дека фабриката била нападната со дрон камиказа.

Кремниј Ел е една од најголемите фабрики за микроелектроника во Русија, каде што се произведуваат и делови за производство на рускиот оперативно-тактички балистички систем „Искандер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.