Германскиот канцелар Олаф Шолц не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина. Тој предупреди на можна понатамошна ескалација, јави ДПА.

Според Шолц, засега нема знаци дека луѓето сфатиле колку е важно крајот на конфликтот да биде „што е можно поскоро“. Шолц стравува од „ескалација на војната“.

– Потребно е да бидеме способни да донесуваме разумни, многу добро информирани и исто така, многу храбри решенија – што и го правиме тоа, појасни Шолц.

Тој повторно подвлече оти нема да донесе одлука, што би довела до директен конфликт меѓу НАТО и Русија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.