Германскиот производител на оружје Рајнметал очекува, благодарение на најавеното зголемување на владините трошоци за одбраната, да отвори меѓу илјада и три илјади нови работни места, изјави извршниот директор Армин Папергер.

Рајнметал, исто така, ја добиле својата прва нарачка оваа недела, за неколку илјади нови шлемови, додаде Папергер.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата во Бундестагот изјави дека ќе формира посебен фонд во вредност од 100 милијарди евра за модернизација на Бундесверот.

Канцеларот, исто така, вети дека ќе издвојува повеќе од два отсто од БДП секоја година за одбраната, во согласност со насоките на НАТО.

Шефот на Рајнметал посочува дека залихите на муниција би можеле значително да се зголемат во рок од шест месеци до една година.

Тој оценува дека суровини има доволно, потсетувајќи дека лани во магацинот имале челик, алуминиум и специјални чипови вредни околу една милијарда евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.