Украинските сили утринава повторно го гранатирале местото Докучајевск, што се наоѓа во Донбас.

Испалени биле 10 ракети БМ-21 Град и 14 гранати со калибар 120 милиметри, соопштија од претставништвото на Доњецката Народна Република (ДНР) во Заедничкиот центар за контрола и координација на спроведувањето на прекинот на огнот.

Како што објавуваат руските медиуми, украинските сили во текот на минатиот ден 26 пати ја бомбардирале територијата на ДНР, при што истрелале вкупно 323 гранати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.