Германија се стреми да го запре речиси целиот увоз на руска нафта до крајот на годината поради инвазијата на Москва на Украина.

Секој ден, всушност секој час, се збогуваме со рускиот увоз. Ако продолжиме, ќе бидеме независни од рускиот јаглен до есен и речиси независни од руската нафта до крајот на годината, изјави министерот за економија и клима Роберт Хабек.

Според официјалната статистика Германија во моментов увезува една третина од нафтата, 45 проценти од јагленот и повеќе од половина од целиот увоз на гас и е од Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.