Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, државите мора да се воздржат од употреба на сила со цел окупација на територии, констатираа денеска земјите од Г20 во заедничката декларација на самитот во Њу Делхи.

„Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, сите држави мора да се воздржат од закана или употреба на сила со цел окупација на територија, против територијалниот интегритет и суверенитет или политичка независност на која било држава“, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

Во текстот на декларацијата директно не се споменува нападот на Русија врз Украина и тековната војна.

Земјите од Г20 објавија за време на претходниот самит на Бали дека и покрај тоа што мнозинството земји го осудуваат нападот врз Украина, постојат различни мислења и толкувања на конфликтот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.