Од денеска во следните шест месеци Франција ќе претседава со Европската унија.

Приоритетите на Франција беа презентирани пред помалку од еден месец од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција во Париз. Зборот „проширување“ не беше споменат, но шефот на државата го смести Западниот Балкан заедно со Африка во неговите приоритети.

Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска“, изјави на 9 декември Макрон и истакна дека во јуни ќе организира Конференција за регионот.

Претходно по барање на Франција ЕУ освои нова методологија за проширување.

Во говорот за преставување на приоритетите Макрон повика на силна, суверена и обединета Европа. Меѓу предлозите на Франција е да се зголеми „стратешкиот суверенитет“ на блокот, дозволувајќи ѝ да дејствува со поголема независност од САД кога тоа одговара на интересите на блокот.

Макрон, исто така, сака напредок и во заедничката одбранбена способност на ЕУ, така што ЕУ повеќе да не се потпира само на Америка. Франција, исто така, сака да го искористи претседавањето за да ја зголеми координацијата меѓу земјите-членки за миграцијата, вклучително и создавање сили за брза реакција за одговор на кризите на надворешните граници на блокот.

Меѓу приоритетите се и минимална плата во целата Унија, поголема регулатива за дигиталните гиганти, заштита на животната средина и промени во строгите правила за буџетскиот дефицит на ЕУ во време кога земјите-членки се обидуваат да ги спасат своите економии по пандемијата на коронавирус.

Франција во април ја очекуваат избори, што значи дека голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања, а проширувањето е посебно чувствителна тема која би можела да им служи како оружје на ривалите на Емануел Макрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.