Додека Европа се обидува да најде решене за една од најтешките енергетски кризи во својата историја, во петокот е започне гасењето на половината од германските нуклеарни капацитети, десет години по историската одлука на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел за напуштање на нуклеарната енергија.

Гаснењето на три од шест реактори кои сѐ уште работата, доаѓа во екот на европската енергетска криза која е предизвикана од лошото планирање на резервите и набавките на природен гас во подземните складишта во Европа, по што цените на енергенсите достигнаа рекордни нивоа.

Реакторите во германските села, северното Вродорф, централното Гронде и јужното Гриндреминен, целосно ќе престанат да работат до крајот на 2022 година. Нивниот вкупен капацитет изнесува 4 гигавати часа инсталирана моќност, што е еднакво на сила од илјада ветроцентрали.

Кон крајот на 2022 годиа на ред ќе дојдат и другите три централи, јужните Некарвестхајм и Исар 2, северната Емсланд, исто така, со капацитет од околу 4 гигавати.

Набрзо по никлеарната катастрофа во јапонска Фукушима во март 2011 година, тогашната канцеларка Ангела Меркел одлучи дека Германија постепено ќе се откажува од користењето на нуклеарната енергија.

И покрај напуштањето на атомската енергија чијшто удел во вкупното производство во 2020 година изнесувал околу 11 отсто, „сигурноста на снабдувањето во Геранија ќе биде гарантираа“, истакна во вторникот во соопштение Роберт Хабек, министетр за стопанство и заштита на климата од партијата Зелени.

За да се надомести гаснењето на нуклеарките и во очекувањето ткн обновливите извори на енергија во целост да го надоместат овој недостиг, Германија силно се снабдува со фосилни горива, особено со гас.

Но таквата енергетска сигурноста има своја цена, па европските цени на гасот, откако ЕУ се откажа од долгорочни договори со најголемиот добавувач руски „Газпром“ и се мина на берзанско тргување со енергенсот, веќе неколку месеци постојано растат. Ситуацијата се усложнува и откако новата гераманска влада поставува услови за давање одобрување за почеток на работата на руско-германскиот гасовод Северен тек 2, и се закани дека ќе го „затвори“ доколку Русија изведе инвазија врз Украина, што Москва повеќепати го отфрли како шпекулација која на Западот му е потребна за да го оправда своето зголемено воено присуство на руските граници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.