Бабата на момчето убиено во Франција. Нахел М, Надија, повика на смиреност по петтата ноќ на немири низ Франција што избувнаа откако полицијата го уби нејзиниот 17-годишен внук.

Не сакам да уништуваат продавници, автобуси и училишта. Тие го користат Нахел како изговор. Сакаме работите да се смират“, изјави Надја за ТВ БФМ.

Таа повика на смиреност и прекин на немирите, додавајќи: „Не ги уништувајте училиштата, не ги уништувајте автобусите. Има и други мајки кои ги користат тие автобуси“.

Таа претходно изјави дека демонстрантите ја искористиле смртта на Нахел како изговор за дивеење.

Во вторникот наутро, Нахел беше смртно застрелан во градите, од непосредна близина, зад воланот, бидејќи се обидел да избега при полициска сообраќајна контрола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.