Дваесетина земји, меѓу кои САД, Франција и Обединетите Арапски Емирати, на Конференцијата на ОН за климатски промени – COP28 во Дубаи, повикаа за тројно зголемување на капацитетот на нуклеарната енергија до 2050 година.

Специјалниот пратеник на САД за клима Џон Кери, најави дека земјите поддржувачи на иницијативата ќе потпишат заедничка декларација.

Предвидено е тројното зголемување да биде во однос на количината на нуклеарна енергија во 2020 година.

Идејата е да се намали зависноста од јаглен и гас – што е главна тема на годинашната климатската конференција на ОН во Дубаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.