По наредба на лидерот Ким Џонг-Ун, во Cеверна Кореја е демонтиран споменик во главниот град Пјонгјанг што ја симболизираше целта за помирување со Јужна Кореја.

Сателитските снимки на Пјонгјанг покажуваат дека споменикот, лакот што ја симболизира надежта за обединување на Кореја, повеќе не постои, пренесува „НК Њуз“, портал кој ги следи случувањата во Северна Кореја.

Споменикот висок триесет метри беше изграден по меѓукорејската средба одржана во 2000 година.

Тензиите меѓу двете Кореи се зголемија по засилените воени маневри на Јужна Кореја и САД, во близина на Cеверна Кореја, која одговори дека нема да се двоуми да одговори и со „нуклеарен удар“ доколку биде излоѓена на ризик од нејзините непријатели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.