Цените на нафтата пораснаа на светските берзи минатата недела, седми пат по ред, достигнувајќи нови највисоки нивоа во повеќе од седум години како резултат на геополитичките тензии и ледената бура во САД.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 3,6 отсто, на 93,27 долари, додека барелот поскапе за 6,3 отсто на американскиот пазар на 92,31 долари.

Во петокот цените на „црното злато“ во еден момент беа уште повисоки, достигнувајќи нови највисоки нивоа од октомври 2014 година, бидејќи трговците беа вознемирени од ледената бура во САД, која остави повеќе од 200.000 американци без струја и предизвика стравувања дека доколку трае, може сериозно да го оштети производството во Тексас и со тоа дополнително да го влоши проблемот со недоволната понуда на светските пазари.

„Овој скок на цените предизвика студен бран во Тексас, предизвикувајќи стравувања од затворање во Пермскиот басен, најголемата област на производство на шкрилци во САД“, рече Карстен Фрич, аналитичар во Комерцбанк.

Чуствителноста на цената доаѓа и од тензиите меѓу Русија, вториот по големина производител на нафта во светот, и Западот, околу Украина. Инвеститорите стравуваат од нарушување во снабдувањето на Европа со енергенси од Русија.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, одлучија да го зголемат производството за само 400.000 барели дневно во март, и покрај повиците на главните потрошувачи за значително зголемување на производството.

Некои членки на групацијата ОПЕК + веќе не успеваат да ги исполнат сегашните квоти поради недоволните инвестиции и одложеното одржување.

Така, Ирак, вториот по големина производител на нафта во ОПЕК, во јануари произведе значително помалку од квотата што му беше доделена во рамките на ОПЕК +, покажуваат податоците на државната трговска компанија СОМО.

Откако лани пораснаа за повеќе од 50 отсто, цената на нафтата од почетокот на оваа година скокна за околу 20 отсто.

Некои аналитичари сметаат дека поради зајакнувањето на побарувачката, и недоволната понуда, цената на барелот наскоро ќе достигне ниво од 100 долари.

Сепак, некои сметаат дека трендот на поскапување наскоро би можел да се запре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.