Цената на златото на светските берзи денеска се зголеми на ново историски највисоко ниво од 2.365,39 долари за унца, што значи дека неговата цена од почетокот на годината порасна за 14 отсто.

Златото традиционално се смета за безбедно засолниште за капиталот во тешки времиња и како заштита од инфлација, пишува „Гардијан“.

Аналитичарите наведуваат дека цените на златото се зголемиле поради геополитичките тензии и војните во Украина и на Блискиот Исток, кои поттикнале некои трговци да инвестираат во златни шипки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.