Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва денеска се искачи на 144 лица, додека уште 551 лице се повредени, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација за Москва.

-Администрацијата додаде дека меѓу загинатите има пет деца, пренесува Интерфакс.

Терористичкиот напад на Крокус Сити Хол во Красногорск, во близина на Москва, се случи вечерта на 22 март, кога неколку лица отворија оган врз посетители на концерт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.