Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите, руската агресија врз Украина мора да запре, порача новиот претседавач со ОБСЕ, Јан Борг, министер за надворешни работи на Малта.

На завршната прес-конференција од 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, Борг истакна дека анонимниот глас од сите 57 земји кои му ја укажаа довербата за нов претседавач, е доказ, како што рече, на заедничката заложба да се продолжи со  зајакнување на организацијата и да се осигура дека покрај сите предизвици со кои се соочува, организацијата ќе продолжи да работи.

Како што го почнуваме нашето заедничко патување, ќе се посветиме на исполнување на нашите должности и одговорности во времето што претстои, рече тој.

Борг очекува да работи, како што рече, рака под рака заедно со сите партнери и кажа дека ќе се обврзе да работи кон поттикнување на зајакнување на мултилатеризмот.

На завршната прес-конференција се обратија и досегашниот претседавач, министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид.

Македонија беше домаќин на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваа околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.