Алжир би можел да му објави војна на Израел oткако парламентот на земјата му даде право на претседателот Абделмаџид Тебун да започне воени операции против еврејската држава. Ова го објави арапската новинска агенција Ал Баваба.

Пратениците во алжирскиот парламент одлучија да му дадат право на претседателот на земјата да му објави војна на Израел. Гласањето беше одржано еден ден претходно, а одлуката беше донесена едногласно како одговор на масовното убивање на Палестинците од страна на израелската армија во Појасот Газа. Сега Абделмаџид Тебуне може да му објави војна на Израел и тоа не е исклучено. Се очекува алжирскиот лидер да и се обрати на нацијата денеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.