Сериозен проблем имаме во делот на основните училишта и таму мораме да го антиципираме тој проблем и да добиеме поголема поддршка од Министерството за образование и од владата, бидејќи дотациите кои биле предвидени од претходно во буџетот за енергенси апсолутно нема да ги задоволат потребите на училиштата, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
За овој сериозен проблем со кој ќе се соочат оваа грејна сезона тој вели дека парите не се доволни и тие изнесуваат еден милион и седумстотини денари само до крајот на годината.
Овие пари не се доволни и би требало од сопствениот буџет да дополниме за да ги покриеме трошоците. И кога сме кај училиштата морам да истакнам дека и дотациите кои што се во делот за плати кои што беа најавувани дека се зголемени платите на наставниците и тие се зголемени, општина Ѓорче Петров за еден милион денари има помала вредност на дотација за еден милион денари кои што ги добива за да се исплатат тие покачени плати на наставниот кадар. Проблемот е комплексен тука и треба токму на владата сериозен фокус во наредниот период, вели Стојкоски.
Тој додава дека не би сакал децата да следат онлајн настава иако се вратени и нормализирани по пандемијата поради тоа што ќе немаат услови за греење во училиштата.
Ова е проблем број 1 во државава што треба да се разгледува, бидејќи децата се столбот на едно општество. Повторно ќе повторам во општина Ѓорче Петров во делот на енергенси фалат милион и седумстотини денари, а во делот на плати милион денари, за да ни помогне државата, но не само на нас и на децата и родителите потребно е и училиштата како градинките да се вратат под итно на регулиран пазар и да плаќаат струја барем како што плаќаат домаќинствата, па макар биле и во таа највисока тарифа и таа највисока тарифа е поевтина верувајте од тоа што ние како општини и училиштата го плаќаат. Училиштата во моментов плаќаат најскапа струја, вели Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.