По вчерашната изјава на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека нема партија и не вработува партиски војници, до неа се обрати кинологот Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ, кој и порача дека ако Петре бил арогантен, таа е десетпати поарогантна од него. Вели допрва ќе биде интересно.

Да, во ред, немате партија но партиите кој Ве подржаа и на кој ветувавте брда и планини тогаш кога ви требаа ги заборавивте веќе во првите месеци, станавте веднаш од големото доброутро, не сте достапни и човек не може да дојде до вас, ако Петре беше арогантен вие покажувате дека сте 10пати повеќе од него, разочарување сте да знаете и не знам како не ви е непријатно да не ја кажувате вистината, од месен комитет, од врата на врата, од човек на човек идевме заедно со вас, програмата ви ја напишавме за да настапите во кампањата… ризикувавме во ова време невреме работни позиции ради вашата кампања, трошевме драгоцено време и енергија и најмалку што очекувавме е дека ќе бидете достапна за сите и нема да сте Петре! Ова оградување ќе ви се врати како бумеранг!
Ќе го оставам ова за понатака …но нема да го заборавам, запишано ми е, до детал Градоначалничке!
И ЗА КРАЈ на петочкиов статус, не знам до кога раководството на партијата ќе ве подржуваат во совет но од тоа што го знам, за кратко ке биде интересно, само вие така продолжете … – коментира Кирков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.