Стартувавме со процесот за целосна дислокација на опасниот отпад од акумулаторски батерии-оловна згура во селото Орман кој неодамна беше откриен од страна на инспекциската служба на Општина Ѓорче Петров во координација со Државен инспекторат за заштита на животна средина, информираше градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Јавно сакам да се заблагодарам на Државен Инспекторат за Заштита на Животна Средина за одличната комуникација и координација на активностите.

Здравјето на граѓаните ни е најважно и нема да дозволиме ништо да ни застане на патот кон елиминирање на штетните влијанија и кон создавањето на здрава, квалитетна и еколошки одржлива животна средина.
Опасниот отпад ќе биде дислоциран по сите стандарди на друга локација која е предвидена за таков вид отпад. За таа намена, посебно е изработен и басен со бетонска подлога го геотекстил и геомембрана.

Очекувам за околу две недели целосно расчистување на локацијата. Наш приоритет остануваат исклучиво интересите на жителите на Ѓорче Петров, напиша Стојкоски на својот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.