Во организација на општинскиот сојуз на училишен спорт Ѓорче Петров ја реализиравме божиќната планинарска тура од манастирот Св. Богородица во Стопански Двор до локалитетот Крст во Кучково, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Оваа година го реализираме проектот за обележување на пешачките патеки до Кучково, како и проектот за уредување на локалитетот Крст кој добива современи содржини за рекреација и настава во природа.

Со овие два проекта убавините на Кучково ќе станат подостапни за рекреација и престој во природа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.