Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски застана на чело на одборот за собирање на средства за лекување на 19-годишниот Никола.

„Ова е официјалната страна преку која во следниот период ќе се објавуваат сите активности и информации поврзани со собирање на средствата за лекување на нашиот Никола.

Како градоначалник на општина Гази Баба, но пред се како човек ќе ја предводам групата на луѓе, организирана како иницијативен одбор кои изминатиот период до мене доставија низа на предлози за реализација на активности во насока на собирање на потребните средства за лекување на младиот Никола.

Приклучете се и споделете ја страна“ – посочи градоначалникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.