Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски го пушти во употреба новото детско катче во населеното место Јурумлери.

За посетата на Јурумлери, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на Фејсбук на која што напиша:

„Пуштено во употреба новото детско катче во населеното место Јурумлери.

Утрово го пуштивме во употреба новото детско катче во Јурумлери кое е изградено во рамки на клонот Морковче од детската градинка 25-ти Мај.

Нема поубаво чувство од искрената детска насмевка, проследена со неизмерна среќа и топла прегратка.

Среќен сум што со изградбата на ова детско катче е создаден простор на кој дечињата ќе можат да го поминуваат поголемиот дел од времето во летниот период.

Продолжува обновата на нашата Гази Баба. Се реализираат проекти за сите генерации, напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.