Искра е 17 месечно детенце кое е родено со спинална мускулна атрофија – Тип 1. Искра не знае што значи да дишеш слободно, со полни гради бидејќи е на респиратор од раѓање, и не може да живее без него. Искра никогаш во животот нема вкусено храна, бидејќи се храни со назогастрична сонда која и влегува преку носето. Нејзината приказна ќе го скрши и најтврдокорното срце: имала 6 операции на нејзиното мало срценце досега, една од нив и на дијафрагмата, со цел да се дијагностицира состојбата, но оваа болест е толку ретка, што ваквите генетски тестови кај нас ги има само во МАНУ, но проблемот со ретките болести е што треба некој да ги препознае за да знае да упати каков тест да се направи. Малата Искра имала среќа, во белградскиот педијатар кој работел во Систина и кој во неможноста Искра да ги движи рачињата ја препознал болеста и ги упатил на тестирање.

Искра никогаш не земала воздух, и не може да дише без респиратор, а знаеме каква е ситуацијата за респиратори кај нас: таа користела респиратор од петгодишниот Петар, кој за жал починал, и неговите родители го предале за Искра. За жал, респираторот откажал пред 5 дена, на 22 март, по што Искра била транспортирана на Клиниката за детски болести, но и таму откажал респираторот, и сега е Искра во Систина, во исчекување да и помогнеме да се купи мобилен респиратор.

Не постои цена за да може Искра да земе здив. Во име на таткото Гоце Трајковски, Ве молиме да одвоите колку што имате за да се спаси ова мало, невино детенце, кое веќе видело многу страдање во својот краток живот.

ДОНИРАЈТЕ ТУКА за респираторот за Искра да се набави што поскоро!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.