Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го посети новото катче за детска забава и рекреација во населбата Маџари – Триангла.

Детското катче е направено со помош на општествено – одговорна компанија, додека од страна на општината беа направени пристапни патеки со павер елементи.

Ново катче за детска рекреација и забава во Маџари – Триангла.
Денешниот ден носи нов реализиран проект.
Со помош на општествено одговорна компанија содадовме ново катче за детска рекреација и забава во Маџари – Триангла со современи детски реквизити.
Дополнително со павер елементи ги изградивме пристапните патеки на соседната зграда на детското катче.
Гази Баба го добива новиот лик.
Гази Баба добива лик на урбана и модерна општина, поубаво место за живеење за своите жители.
Ова е новото време за Гази Баба, напиша Стефковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.