Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Аердром ќе ја добие првата училница на отворено, објави денеска градоначалникот Тимчо Муцунски, кој беше во посета на училиштето.

Тој најави инвестиција од над 3.000.000 денари во ООУ “Браќа Миладиновци”.

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Острово после долги години ќе добие соодветни модерни и современи услови за настава, релаксација, спорт и рекреација на учениците.
Со оваа инвестиција на Општина Аеродром и со голема поддршка на општествено-одговорна компанија, ,,Браќа Миладиновци” ја почнува постапката за целосна обнова, со што ќе биде направена првата училница на отворено во Аеродром, реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор, чекори кон обезбедување нова фасада, како и модерно и современо надворешно уредување за релаксација и едукација на учениците. Му благодариме на Андреј Крстевски за заложбите кои помогнаа да се обезбеди помошта од оваа општествено одговорна компанија, објави Муцунски.

Новиот атриум ќе се наоѓа во задниот дел на училишната зграда, а во иднина ќе се користи како летна училница за сите ученици, со што ќе добијат нов уникатен начин на поминување на наставата во релаксирана средина. Сето ова насочување кон воведување на нова пракса и поинакви услови од постојните, цели кон исполнување на современите европски стандарди, каде што убавото време во училиштата секогаш се користи за учење и рекреација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.