Во соработка со општина Аеродром, заловувачките екипи на ЈП Лајка оваа недела ќе постапуваат на одредени локации во оваа скопска општина од каде најмногу имаме добиено пријави од граѓани.

Се постапува на локациите кај Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, трговскиот центар Капитол и околу Железничката Станица.

Сите заловени кучиња ќе бидат загрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде ќе го поминат целиот хуман третман. По завршувањето на хуманиот третман ќе бидат објавени за вдомување на социјалните мрежи и веб страната на претпријатието. Оние кои нема да бидат вдомени по истекот на нивното време за престој во прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе бидат вратени на матичната локација, информираа од „Лајка“.

Оттаму додаваат дека досега оваа акција ја има спроведено во скопските општини Кисела Вода, Карпош, а оваа недела делува и во Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.