Општински инспектори им ставиле жолти ленти, но сопствениците ги отстраниле и продолжиле со градењето на диво на два идентични објекта на Водно, открива „360 степени“.

На Пластичарска, пак, Општина Центар договорила рушење на дивоградба, но полицијата откажала асистенција во последен момент, пишува порталот.

Одговори за ваквото урбано дивеење во најцентралната скопска општина побараа од градоначалникот Горан Герасимовски, кој вели дека има повеќе решенија за рушење уште од минатата година, но не се руши зошто „средствата на општината не се доволни“.

Мал е градот, сите ги знаеме, дури не само горе што градат, туку знаеме луѓе и на други места. Од наша страна е дадена насока дека тоа е кривично дело и дека мора да се престане со дивоградбата поради тоа што гледаме дека некои реагираат некои не реагираат, ние ќе го почитуваме законот и ќе постапуваме по истиот, вели тој.

Целата сторија на „360 степени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.