Во скопската Зоолошка градина се родиле четири бебиња пингвини. Ова е првпат да има ваква радосна вест од Скопје ЗОО.

Бебињата дојдоа на свет на 06. 01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители. Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица, велат од скопската Зоолошка градина.

 

За да ја доживеете и вие магијата на напредокот и растењето на пингвинчињата во изминатите два месеци, од ЗОО подготвија видео каде што се прикажани најемотивните моменти од јајца, преку првите прегратки со мајките, па се до денес!, се вели во описот на видеото споделено од Скопје ЗОО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.