Ова е плацот каде пред избори Герасимовски и Шилегов ветуваа нема да се гради. Очигледно некој ќе гради пошто и светилки си ставиле по патот и материјал си донеле, вели Ивор Мицковски, споделувајќи фотографија од местото на Средно Водно, каде се продолжува со изградба.
Само 50 метри подоле, тоа што исто се гарантираше нема да се градело и биле само дрвени куќи, се претвори во населба, во село со 20-тина куќи, сите ѕидани, некои и на три спрата.
Значи, дечки, 2 години не пројдоа од ветувањата, локална и централна власт сте, ама понеспособна, понезаинтересирана, понегрижлива багра ни се нема десено.
Грујо може ќе го вратите, ама вие ќе си одите засекогаш, вели Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.