Наместо да се лекуваат, дополнително се разболуваат. Мајки кои со своите деца лежат во детската болница „Козле“, се жалат дека со денови нема парно. Зад камера, полни со поплаки се и лекарите во болницата.

Екипа на Алфа беше во „Козле“. Не дочекаа студени ходници и амбуланти, но и ветување од менаџментот дека наскоро проблемот ќе бил надминат.

Смрзнувачка во детската болница „Козле“. Пациенти се жалат дека нема греење во собите каде што лежат заедно со своите бебиња. Мајка на три месечно бебе реагира дека ова е нечовечки чин и бара овој проблем да се реши. Во изјава за Алфа вели дека во болницата повеќе се разболуваат, отколку што оздравуваат. Рече дека немало парно греење ниту во болничките соби, ниту пак во амбулантите.

Нема парно. Веќе три дена како сме тука нема, а грејната сезона почна. Јас сум со мало бебе од три месеци и мислам дека е некоректно ова да ни се случува. Наместо да оздрави бебето, ние се доразболуваме, и мислам дека треба ова да го решат веднаш, зашто ноќите се навистина студени, реагира мајка на бебе кои се на лекување во „Козле“.

Целата сторија на Алфа телевизија. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.