Преку јавни презентации, дискусии со локалните жители и идеи го носиме деталниот урбанистички план за населбата Долно Лисиче!, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Жителите на Долно Лисиче конечно ќе добијат детален урбанистички план, со што ќе можат да си ги остварат своите права за изградби, надградби, доградби и други урбанистички потреби.

Во подрачното училиште „Гоце Делчев“ минатата недела планот го презентираа стручните служби на Општина Аеродром, кои потоа низ конструктивна дискусија можеа да ги слушнат предлозите и забелешките од присутните кои најголем дел беа жители на Долно Лисиче.
Предлогот на деталниот урбанистички план со разработка на блоковите 2, 3, 4, 5, 6, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 е поставен на увид во Месната заедница во Долно Лисиче, каде што се наоѓаат и анкетните листови за учество во јавната анкета која ќе трае до 4 март.

Работиме гласот на секој поединец да биде чуен и токму затоа Општина Аеродром е отворена за соработка со локалните жители. Ги повикуваме сите заинтересирани да извршат увид и да учествуваат во анкетата затоа што забелешките, идеите и предлозите од секој еден граѓанин ни се од исклучителна важност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.