Не постои ништо по штетно од партиско препукување, а програмско, системско, сестрано игнорирање на проблем, сметаат „Анима мунди“. Нивната рекација доаѓа откакокуче и сопственик беа нападнати од глутница бездомни кучиња во Аеродром.

Анима мунди се согласуваат дека се работи за непријатен случај, но нагласуваат дека тој е изолиран. Тие реагираат на реакциите на претставници од најголемите партии кои меѓусебно да се обвинуваат и ја отфрлаат сопствената одговорност обвинувајќи ја ЈП Лајка за нефункционалност и недоволни резултати.

Политичари, колку важност и значење придавате на еден проблем, толку се изгледите да биде локализиран, контролиран, решен!

Лајка е последната алка во синџирот која и те како дејствува и испорачува резултати, маневрира во обид да воспостави контрола со резултати кои се веднаш воочливи, мерливи, но секако недоволни бидејќи не може да го третира коренот на проблемот кој зависи од инсититуциите кои ги раководите вие!

Измените на Законот за заштита и благосостојба на животните со кои бараме итно регулирање на одговорното сопствеништво, забрани за неконтролирано размножување на животните се само декларативен приоритет – праќаме иницијативи, барања, укажувања, од АХВ немаат волја ни да одговорат, а камо ли да организираат работен состанок! Дека нешто се превзема е толку бајата лага во која никој со грам рационален расуд повеќе не верува!

Општините од друга страна имаат повеќе пари за украсни жардињери, откако за програми со кои би третирале сериозен проблем од етички , безбедностен, здравствен, комунален аспект, како на граѓаните, така на животните. Тоа е важно да се знае, зошто за оваа проблематика само 3 општини од град Скопје издвојуваат средства за работата на ЈП Лајка – другите ги мрзи да конципираат програма, а камо ли да наменат денар од буџетот, ништо! Но секако пари за исполнување нивни каприци и ќефови не недостасуваат. Коректно е да се знае дека општина Аеродром е една од тие кои плаќаат, но ни 10 Лајки нема да не спасат доколку не се забрани и контролира напуштањето, размножувањето, промовира вдомување и стерилизација!

Граѓани на Скопје, ЈП Лајка прв пат има сеопфатна стратегија и пристап кој го охрабруваме, поддржуваме да продолжи, но минорни ќе бидат сите резултати, сиот труд, се додека не се почне од коренот, од законската регулација на одговорното сошпствеништво, регулирање на продажбата, подарувањето миленици, преку дефинирање забрани за размножување и најстроги казни за напуштање миленици, исфрлање на цели легла кутриња по учиците.

Се до тогаш имаме борба со ветерници и евтина парада пред јавноста, од која ве уверуваме ни е преку глава на сите, велат од Анима мунди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.