Иницијативата Отворен Балкан треба да биде урнек и за другите земји, бидејќи ја промовира и афирмира довербата како искрена форма за наоѓање најкус пат до прогресот и подобрата иднина, изјави поранешниот премиер Зоран Заев на Самитот на спортски новинари на Југоистична Европа „Спортот за државата, државата за спортот“ што се одржа во Струмица.

На овој настан, поранешниот премиер Заев, како и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, добија златни плакети за нивниот придонес кон промоција на мирот.

Заев во неговото обраќање истакна дека може да се разликуваме по многу нешта, но заеднички треба да ни биде стремежот кон таа иднина и напредокот.

Отворен Балкан е отворена можност за непречена билатерална и мултилатерална соработка на сите можни полиња. Така се гради пријателство, така се оди напред, така се чува и надградува мирот, рече Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.