На свеченост во рамките на научниот симпозим што се одржа во Струмица, Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија им додели плакети за мир на поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и на долгодишниот претседател на МОК и политичар, Васил Тупурковски.

Заев обраќањето го заклучи во неговиот карактеристичен стил, зборувајќи за себе во трето лице:

Двете позиции се спротивни една со друга, но горд сум што Заев е истиот човек – Mакедонец, мирољубец, рече поранешниот премиер.

На симпозиумот се обрати и Тупурковски, кој рече дека „секоја војна нанесува огромни штети на спортот, а според него во прашање се доведени во прашање и одржувањето на големи спортски настани.

Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа се одржа вчера и денеска во Струмица, а во рамките на Самитот се одржа и конгрес на кој беше избрано ново раководство на Асоцијацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.