Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во Битола порача дека е почнат процес за приклучување на Република Македонија во ЕУ, каде што, како што изјави, според неа, е местото на земјата.

На куса средба со новинарите, Јотова нагласи дека повод за нејзиниот престој во преспанско-пелагонискиот регион е утрешниот верски празник Задушница.

На новинарско прашање во врска со неодамна донесиот Закон за здруженија на граѓани и фондации во Македонија, Јотова изјави дека македонското Собрание е Собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони и секако, има одговорност за нивното донесување.

Вашето народно Собрание е Собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони и секако одговорност за нивното донесување. Нас тоа што не интересира е да видиме како ќе дејствува тој закон во наредниот период. Ние започнавме процес за приклучување на Република Македонија во ЕУ, таму каде според мене е местото на вашата земја. Мислам дека многу од нашите проблеми кои се уште ги имаме, ќе имаат решение само тогаш кога еден ден ние сите заедно ќе бидеме дел од големото европско семејство. Тешко беше да се дојде до првата меѓувладина конференција, но од тука па понатаму, договорот меѓу двете држави од 2017 година и договорот за добрососедство, не се само договори меѓу двете држави туку договори од европското законодавство и освен Бугарија и европските институции членки на унијата ќе внимаваат на нивното исполнување, а со тоа и на нашите заеднички цели, истакна Јотова.

По денешниот престој во Преспа, Јотова најави дека утре ќе ги посети бугарските воени гробишта во битолското село Цапари.

Мојата посета е поврзана за утрешниот ден, големиот верски празник Задушница. Од 1924 година во Бугарија тоа е ден на кој се оддава почит за сите загинати бугарски војници во разни војни исо цел да нема војни во иднина. Утре јас ќе ги посетам бугарските воени гробишта во селото Цапари, изјави Јотова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.