Како и што најавуваше претседателот Вучиќ, ЕУ денеска донесе одлука за Промена на преговарачката рамка и вклучување на тн Охридски договор. Во превод тоа значи дека додека не го признаат Косово нема никогаш нема да станат членки на ЕУ.Дипломатски пак кажано Охридскиот договор се однесува за поглавјето 35 наречено „фундаментал“.

Промената на преговарачката рамка за Србија е особено важна за Македонија бидејќи власта на ДУИ и СДСМ прифати особено лоша рамка за Македонија со т.н француски предлог. Згора на тоа властите во Скопје и во Брисел велат дека промена не е можна и дека мораме да прифатиме тоа што ни се нуди.

Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, која ја подготви француското претседателство, содржи обврска за имплементацијата на билатералниот протокол за спроведување на договорот со Бугарија, кој треба да го усвојат двете земји.

Јазикот останува македонски, но Бугарија достави изјава која е депонирана во ЕУ дека не го признава јазикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.