Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, доби нови 30 денови притвор, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот го одбил залогот во недвижен имот како гаранција дека нема да се даде во бегство.

Зекири е во притвор од 9 април, како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Обвинителството го сомничи генералниот секретар дека од април 2021 до јануари 2022 година, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

Во истрагата осомничени се и двајца хрватски државјани, а случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Македонија“.

Зеќири негирше вина во предметот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.