Судот во Стразбур и наложи на државата да му плати 3.900 евра на Миле Јанакиески за држењето во домашен и затворски притвор. Вака одлука донесе Судот за човекови права за што свое излагање имаа адвокатите Еленко Миланов и Влатко Илиевски кој е негов застапник во Стразбур.

Оваа одлука на Стразбур треба да се искористи како една поука бидејќи ниту е прва а веруваме дека нема да биде ни последна каде што се утврдува повредување на правото на слобода.Очекуваме наскоро да има одлука за притворите за предметот „Титаник“.Се поставува прашањето за одговорност за сите учесници за носењето на одлуките за притвор.Не само да се санкционираат истите да се превенираат истите.Денешното соопштение на Кривичниот суд не е во таа насока.Тие извадиле мал дел од пресудата што оди во нивна корист-објасни Илиевски.

Според Миланов, барањето за засметување  на притворот со правосилната пресуда за Миле Јанакиески е оправдана.

Таква исклучивост постои само за есктрадициски притвор.Тој исклучок на кој се повикуваше првостепениот суд кога не го прифати ваквото барање е неиздржано-објасни Миланов.

 

Илиевски вели дека е неспорно дека Јанакиески е држен во притор без доволно оправдани причини.

Судечкиот совет при продолжување на притворот одлучил да му го продолжи притворот две недели пред да му истече. Од каде знаел судот две недели претходно дека ќе останат причините за притвор и после две недели-прашува адвокатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.