Во Јегуновце се реализираат проектите ветени во кампањата, констатира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната посета на оваа општина. Во изјава за медиумите Мицкоски информира дека со градоначалникот на општина Јегуновце Димитар Костадиноски разговарале за тековните проекти, но и за тоа што веќе е завршено.

Оваа детска градинка, која што ќе биде дом на 25 дечиња Македончиња и 25 дечиња Албанчиња во периодот кој што следи, а тоа се децата од претшколска возраст. Убеден сум дека тука тие ќе ги стекнат првите знаења заедно со нивните воспитувачи и негователи. А, потоа и ќе можат понатаму да се надградуваат во текот на образовниот процес, рече Мицкоски.

Тој ги спомна и завршените проекти во општината – канализацијата и асфалтирањето на улиците .

Задоволството е големо кога гледате како се реализираат проектите кои што беа ветувани во кампањата. Јас само посакувам повеќе вакви објекти да се реализираат, повеќе проекти да се завршуваат. Тоа го очекуваат граѓаните во општина Јегуновце, тоа го очекуваат граѓаните во Македонија, Македонија да оди напред, а не да се занимава со процеси кои што не враќаат назад во времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.