Вечерва, со почеток во 20:00 часот во бифето на Факултетот за драмски уметности, манифестацијата Студентската уметничка пролет ќе биде комплетирана со уметничка фузија преку моќта на музиката и пишаниот збор.

Поезијата ќе биде претставена од младите студенти на Филолошки факултет „Блаже Конески“ кои ќе ги вткаат емоциите во зборови. А, мелодиите на џезот од талентираните млади музичари од Факултет за музичка уметност ќе не пренесат во поинаков сетилен свет.

 

Публиката ќе биде сведок на една уникатна колаборација, синергија на уметнички форми кои беспрекорно се испреплетуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.