Данела Арсовска и нејзиното однесување водат само кон сомнеж дека таа нема деловна способност за да ја извршуваа оваа јавна функција – прв човек на град Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Арсовска само навредува, омаловажува, болно лаже или едноставно измислува, се однесува неурамнотежено.

Оттука јасно е дека ваква личност не може да извршува јавна функција и потребно е вештачење да се утврди дали Арсовска е во состојба да го води градот. Арсовска дополнително ја фаќа нервоза и почнува да лаже и за средбите со Ковачевски за кои веќе знаат сите. Ковачевски исто така е нервозен бидејќи неговиот рејтинг е очајно низок. Оттука на површина излегуваат неговите фрустрации од претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, па и тој како и Арсовска, не пропушта прилика со примитивен речник да лиферува невистини во јавноста. Резултат од нивите средби се невистини и измислени работи кои се лиферуваат во јавност, а кои имаат за цел да дефокусираат од важни теми како корупција и криминал во кои се самите тие, се вели во партиското соопштение.

Без разлика дали Арсовска нема деловна способност или глуми лудило, заклучокот еден – таа не може да го води град Скопје, затоа оставка веднаш, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.