Денеска СДСМ ќе има партиска трибина во салата Борис Трајковски, а уште од вчеравечер салата е под големо обезбедување. На оваа тема свој коментар даде и Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Вечерно шоу со Богдан Илиевски што се емитува на телевизија Алфа.

Со цел и да стигне маил со закана за бомба, да кажат дека за нив има решение, има решение кога станува збор за нивна трибина, трибина на СДСМ, но не ги интересира државата, вели Николоски.

Следно прашање е дали не е злоупотреба што се ангажира полицијата толку за заштита на партиски настан, а не за државен објект како училишта и слично.

Значи решение има само се употребува за партиски настани, дециден е тој.

Мое лично мислење е, не партиско, рече Николоски, дека намерно структури на власта ја стимулираат оваа тема. „Бидејќи скапите странски експерти како оние од Израел имаат проценето дека секој тема која не е економија, енергетика, корупција, на Владата и одговара и дека треба да имаат теми за дефокус“, рече Николоски.

Доколку сметаме дека ова е еден вид на терористички акт зошто закана за поставена бомба не може да биде друго и без разлика кој го прави тоа, тоа е закана и е тероризам, рече Николоски. „Целта за дефокус може да ја постигнат ако има области каде се добри, но бидејќи нема им се случува бумеранг ефект бидејќи покажуваат колку се неспособни во сите сегменти, вели Николоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.