Се разгледуваат сите околности, доколку постојат елементи секако дека надлежните би спровеле истрага, потврдија од Владата на Република Македонија, во врска со истрагата која се води по информацијата дека премиерот Димитар Ковачевски се затрул.

Според тоа што е објавено до моментов, постои сомневање дека премиерот веројатно добил труење од храна при посетата на меѓународниот форум „Делфи“ во Грција.

Она што може да го потврдиме е дека движењето и исхраната на премиерот не е надвор од протокол и дека станува збор за помала, краткорочна реакција, која е надмината брзо и премиерот е во добра здравствена состојба, за Плусинфо посочија од канцеларијата на портпаролот на Владата.

Претходно беше отркиено и дека на полесни симптони на труење со храна, се пожалил и шефот на кабинетот на премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.