Претседателката на Европската комсија Урсула фон дер Лајен посетата на Македонија вечерва ќе ја почне со работна вечера во вила Водно со претседателот на државата, Стево Пендаровски, а со премиерот Димитар Ковачевски ќе се видат во текот на утрешниот ден.

Во план е и посета на фабрика за преработика на овошје и зеленчук во близина на Скопје, фабрика која е финансирана со европски пари од програмата ИПАРД. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вчера од Брисел за МИА изјави дека освен за дополнителните средства од Унијата за Македонија на средбите ќе се разговара и за уставните измени. Дали шефицата на ЕК ќе обзнани детали од плановите на ЕУ за Западен Балкан?

По Македонија Фон Дер Лајен треба да замине за Косово, по што ќе ги посети Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.