Наместо со своите изјави дека процесот на издавање на лични документи може да оди побрзо, нека дојдат техничкиот премиер Талат Џафери и министерот Бујар Османи во МВР, јас ќе им обезбедам кабини и нека се вклучат во фотографирање на граѓаните за добивање на лични документи, им порача денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски чија реакција беше предизвикана првенствено по прес-конференцијата на Џафери од која тој упати критика до МВР и рече дека има доволно време до изборите граѓаните да ги заменат личните документи, пренесува МКД.мк.

„Ако е толку оптимист Талат Џафери дека со амбициозност процесот на замена на документите може да се заврши навреме, а исто и министерот за надворешни работи, кој многупати изразува само загриженост за целиот овој проблем, двајцата заедно нека дојдат во МВР. Јас ќе им обезбедам посебни кабини за да можат заедно со полициските службеници да помогнат во процесот на фотографирање. Ќе им дадеме посебни картички, тие државна тајна, па нека помогнат во фотографирањето“, рече Тошковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.