Две години оваа епски неспосбна власт на СДС и ДУИ не може да отпечати учебници, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека да беа европска, како што не се, денес на 1-ви септември министерот за образование и наука ќе депонираше оставка и истата веднаш ќе беше прифатена.

Но, ниту министерот има грам интегритет, ниту премиерот Ковачевски има храброст да побара одгвоорност. Тие уште безобразно вината ја префраат кај други, а не ја гледаат кај себе. Тоа е целосно потценување на интелегенцијата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека денес почнува нова учебна година со огромни проблеми.

Тоа што нема учебници е само дел од сантата мраз со проблеми во образованието. Наставниците не се задоволни со своите права, учениците не се задоволни со недостатокот на учебници, сите заедно не се задоволни што во образовната инфраструктура не се поместува ништо на подобро. Новата концепција која оваа власт ја тера напротив укажувањата на експертите е сосема друга лоша приказна. Политиките на оваа влада создаде таква каша попара во која наставници по билогија ќе предаваат наставни единици поврзани со хемија, а од друга страна во ист предмет ќе предаваат тројца наставници, по историја, географија и граѓанско општетсво и за тоа треба соодветно да оценат. Хаосот кој оваа власт на СДС и ДУИ го донесе во образованието носи несогледливи последици на долг рок. Оваа власт го уништи образованието, а нација со уништено образование е нација со уништена иднина, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.